Достапни линкови

Одложена инаугурацијата на авганистанскиот Парламент


Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи

Кабинетот на авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи соопшти дека инаугурацијата на новиот Парламент е одложена за 22 февруари, поради наводите за измама од некои од кандидатите кои загубија на септемвриските избори.
Специјалниот Трибунал претходно побара од Карзаи да ја одложи инаугурација. Претседателот на судот Сидиџула Хагиг изјави дека инаугурација треба да се одложи за најмалку еден месец со цел судот да има време за истрага.
Изборните органи во Авганистан оценија дека од пет милиони гласови, над милион се неважечки.
XS
SM
MD
LG