Достапни линкови

ЕУ ја ратификуваше Спогодбата за стабилизација со Србија


Знамето на ЕУ

Знамето на ЕУ

Европскиот Парламент денеска во Стразбур ја ратификуваше Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Србија и изгласа резолуција за европската интеграција на земјата. Европратениците пред гласањето разгледаа девет измени во Спогодбата и голем дел од нив беа усвоени. Ратификација била одобрена од 612 европратеници, а против биле 38 од нив.
Европскиот Парламент изгласа и резолуција за евроинтеграција на Србија што ја поднесе известувачот на ЕП за земјата Јелко Кацин.
XS
SM
MD
LG