Достапни линкови

Шеф на полиција во Албанија крадел нафта


Шефот на полицијата во албанскиот град Патос, Герјан Конди е уапсен под обвинение за „кражба со злоупотреба на службената положба“ и „здружување заради кражба повеќе пати со голема материјална штета“.
Покрај Герјан, уапсен е и Владимир Чилотај, администратор на фирмата „Лади 2008“ со седиште во Фиер, јави МИА. На двајцата им е изречена мерка притвор на неодренео време.
Уапсените континуирано краделе нафта од нафтената компанија „Албпетрол“.
XS
SM
MD
LG