Достапни линкови

logo-print

Иранскиот амбасадор во ОН: Обама не ги одржа ветувањата


Амбасадорот на Иран во ОН Мохамад Казаи

Амбасадорот на Иран во ОН Мохамад Казаи

Иранскиот амбасадор во ОН изјави дека американскиот претседател Барак Обама не успеал да го одржи ветувањето дадено пред две години за поголемо ангажирање и релации со Иран.
Според Мoхамад Kазаи, Обама повторува некои од грешките на претходникот, Џорџ Буш. Иранскиот амбасадор додаде дека неговата земја сака да биде третирана фер на разговорите кои ќе бидат одржани кон крајот на оваа недела во Истанбул меѓу Иран и петте постојани членки на ОН плус Германија.
Тој изјави дека се надева оти на разговорите ќе се воспостави патоказ за идните преговори чија цел е решавање на нуклеарната криза меѓу Иран и Западот.
XS
SM
MD
LG