Достапни линкови

logo-print

Од Карзаи се бара да ја одложи инаугурацијата на Парламентот


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Специјалниот Трибунал, кој во Авганистан ги испитува наводите за злоупотреби на септемвриските избори, побара од претседателот Хамид Карзаи да ја одложи инаугурацијата на новиот парламент.
Претседателот на овој Суд Сидиџула Хагиг денеска изјави дека инаугурација треба да се одложи за најмалку еден месец со цел судот да има време за истрага. Изборните органи во Авганистан оценија дека над милион од 5 те милиони гласови се неважечки.
XS
SM
MD
LG