Достапни линкови

Чеченија: Прво ХИВ-тест па венчавка


16 годишна невеста во Чеченија

16 годишна невеста во Чеченија

Духовниот водач на муслиманите во Чеченија, нареди сите двојки кои планираат да стапат во брак првин да докажат дека се ХИВ-негативни. Во соопштението од чеченскиот муфтија се наведува дека идните младенци треба да достават уверение од СИДА тест. Иако заповедите на муфтијата немаат правна тежина, генерално сепак се следат, бидејќи луѓето го почитуваат , а и поради неговите врски со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Новата заповед е последна од низата на посебни барања. Тој минатата година побара да се затворат сите ресторани за време на светиот месец Рамазан, а им нареди и на мажите да ги малтретираат жените кои не носат шамии.
XS
SM
MD
LG