Достапни линкови

Протестот заврши, прaтeниците без решение за тутунaрите


Пратениците денеска не ги изгласаа предлозите на опозицијата за решавање на проблемите на тутунарите. Опозицијата предложи просечна цена од 192 денари по килограм тутун и откуп на вишокот тутун од државниот прилепски тутунски комбинат. Собранието го усвои предлогот на ВМРО-ДПМНЕ откупот на тутун да продолжи според веќе предвиденото темпо, а дури за догодина да се менува законот за тутун. По завршувањето на собраниската седница тутунопроиводителите го завршија речиси деветчасовниот протест. Тие најавија нови порадикални протести од четврток.
XS
SM
MD
LG