Достапни линкови

logo-print

Водици во Охрид


Водици во Охрид

Водици во Охрид

Охрид е подготвен за прославата на Водици. Украсен град, ниски цени за сметување, луѓе подготвени и на ладно време да се фрлат во езерото по крстот. Во Охрид се одржува најмасовната прослава на Водици на Балканот.

Со украсено пристаниште со зеленики и црвени знаменца, декор присутен и на бродот „Галеб“, каде што ќе биде главната церемонија, ниски цени од осум евра за ноќевање во хотелите и попуст во угостителските објекти, Охрид, балканскиот Ерусалим е подготвен за прославата на големиот православен христијански празник посветен на исусовото крштевање, Богојавление, во народот познат како Водици.

Во здружението Богојавление, што девет години заедно со МПЦ помага во организацијата на оваа црковно-народна манифестација, очекуваат околу илјада капачи да скокнат по крстот. Освен охриѓани, има кандидати и од други градови во земјава, како и женски екипи. Младите во Охрид имаат култ кон овој празник. Велат, празникот им помага да издржат во ладната езерска вода каде што едни на ниски зимски температури нуркаат до дното барајќи го крстот, а други се капат за здравје и бериќет.
За да се фати крстот нема некои посебни тактики, ние од мали нозе живееме за овој празник Богојавление-Водици, со кој сме соживеани. Минатата година скокнавме од Капетанијата, испливавме до бродот од каде што се фрлаше крстот, по моето упорно барање успеав прв да стигнам до светиот
крст.

„Во моето 20 годишно искуство откако скокам по светиот крст, лани езерската вода беше најстудена. За да се фати крстот нема некои посебни тактики, ние од мали нозе живееме за овој празник Богојавление-Водици, со кој сме соживеани. Минатата година скокнавме од Капетанијата, испливавме до бродот од каде што се фрлаше крстот, по моето упорно барање успеав прв да стигнам до светиот крст. Под вода, во тие моменти, не се гледа ништо од големиот број капачи, водата е многу матна, но изгледа самата духовност не носи некако кон крстот, поради што мислам дека е господова работа за да се стигне до светиот крст“, вели 31-годишниот Јован Рилков, лански фаќач на крстот, кој до сега го има фатено четири пати.

Тој вели дека крстот лани му донесол среќна година и капење со неговата тајфа во светата река Јордан во Израел.

Повозрасните охриѓaни се сеќаваат дека пред Втората светска војна, крстот се фрлал кај Пристаништето од голем стар чун. Тогаш на манифестацијата присуствувале владиката и првите луѓе на градот. Потоа следела забраната од тогашниот режим, но традицијата сепак тајно ја одржале жителите на стариот Охрид до 1990-та кога се обнови јавното масовно фрлање на крстот.

„Едно време крстот се фрлаше во казан во црква, се собиравме на сабајле во шест часот, потоа тој што ќе го фатеше одеше на Сараиште каде скокавме и сите деца се капевме во езеро. Потоа почна да се фрла во
Едно време крстот се фрлаше во казан во црква, се собиравме на сабајле во шест часот, потоа тој што ќе го фатеше одеше на Сараиште каде скокавме и сите деца се капевме во езеро. Потоа почна да се фрла во езерото на Сараиште, скришно. Некој од постарите ќе го фрлаше, полиција имаше околу, ама немавме проблеми.
езерото на Сараиште, скришно. Некој од постарите ќе го фрлаше, полиција имаше околу, ама немавме проблеми. После со крстот одевме од куќа во куќа, ја пеевме песната ’Во Јордание‘ и остана традицијата. После почнаа да ни забрануваат да шетаме по куќите со крстот, ама и покрај тоа не прекинавме, не се откажавме од обичајот, вели Милчо Рупев од Варош, долгогодишен капач, двократен фаќач на крстот.

Кумовите на Водици Охрид 2011, браќата Јован и Климе Лотески, најсреќниот меѓу капачите ќе го даруваат со крст од сребро и злато, тежок повеќе од еден килограм.

Се очекува, најмасовната прослава на Водици на Балканот, што прерасна во зимска туристичка атракција, да привлече десетици илјади верници во Охрид. Околу 10 ќe има и прво групно крштевање во осветеното езеро. Спектаклот ќе го проследат политичари, дипломати, гости од православниот свет, тур-оператори и хотелиери од Балканската асоцијација. странски учесници на саемот за туризам во Охрид и медиумски екипи од соседните држави.
XS
SM
MD
LG