Достапни линкови

За падот на авионот на Качински виновни руските контролори?


Лех Качински

Лех Качински

Полскиот инспектор Мирослав Грошовски изјави денеска дека руските контролори на воздушниот собраќај му дале погрешни команди на полскиот претседателски авион кој се урана во април мината година, а при несреќата загина претседателот Лех Качински и 95 патници. Според Грошовски контролорите им дале погрешни податоци на пилотите за курсот на авионот.
Руските инспектори во финалниот извештај соопштија дека виновни за падот на авионот во Смоленск се пилотите кои решиле да слетааат и покрај лошите временски услови, поради притисокот од владините лица.
XS
SM
MD
LG