Достапни линкови

Обид да се спречи депортација на ирачани од Шведска


Околу 70 демонстранти денеска се уапсени во Шведска, откако се обиделе да ја спречат депортацијата на група ирачани од земјата. Демонстрантите биле притворени пред оделението за миграција во Гетеборг. Властите на земјата соопштија дека авионот со имигрантите утре ќе полета од Шведска за Ирак.
Депортацијата беше критикувана од неколку групи за човекови права и Агенцијата за беглаци на ОН, поради ризикот имигрантите да бидат погубени кога ќе пристигнат во Ирак.
XS
SM
MD
LG