Достапни линкови

Меркел ги повика во Берлин босанските политички лидери


Ангела Меркел

Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги повика на средба во Берлин лидерите на главните политички партии од Босна, со цел да се надмине политичката криза во земјата. Лидерот на босанските Хрвати и претседател на Хрватската демократска заедница Драган Човиќ изјави дека иницијативата од Германија во име на ЕУ е доказ дека земјата сака да и помогне на Босна да излезе од незавидната ситуација.
Формирањето на новата власт во Босна е блокирано, поради несогласувањата меѓу заедниците, кои го кочат и процесот на реформите во земјата.
XS
SM
MD
LG