Достапни линкови

Британија ќе ги третира пакистанските талибанци како терористи


Британиските власти ќе ја третираат групата на пакистанските Талибанци како терористичка, со што ќе биде нелегално некој да биде член или да собира пари за организацијата во земјата. Предлогот треба да биде одобрен од британскиот Парламент, а ќе биде ставен на дневен ред во наредната недела. Пакистанските Талибанци презедоа одговорност за низа напади во Пакистан, но и во САД и Европа.
XS
SM
MD
LG