Достапни линкови

Тунис со нова влада за смирување на протeстите


Тунискиот премиер Мохамед Ганучи денеска застана во одбрана на нова влада на национално единство по четиринеделните протести кои доведоа до протерување на претседателот Бен Али. Во владата се вклучени и опозициски партии, но премиерот Ганучи соопшти дека нема да ги менува министрите за одбрана, финансии и внатрешни и надворешни работи. Ваквиот потег, според агенциите, би можело да доведе до натамошни протести. Во досегашните, како што е соопштено, загинале 74 луѓе.
XS
SM
MD
LG