Достапни линкови

Во Израел уапсен осомничен за масакрот во Сребреница


Израелските власти соопштија дека денеска уапсиле порашен војник на босанските срби осомничен дека учествувал во масакрот врз босанските муслимани во Сребреница. Министерството за правда прецизира дека станува збор за Александар Цветковиќ за кого босанската влада има побарано екстрадиција. Цветковиќ се преселил во Израел во 2006 година каде што добил израелско државјанство, бидејќи неговата сопруга е еврејка.
XS
SM
MD
LG