Достапни линкови

Друцас: Приемот во НАТО само со решение за името


Приемот на Македонија во НАТО е невозможен без претходно затворање на прашањето за името, а за Атина решение за спорот е име со географска одредница за севкупна употреба, изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас. ,,Таквиот став не треба погрешно да се толкува како недоситиг на желба во Атина за интеграција на ПЈРМ во НАТО,, рекол Друцас на вчерашниот состанок со шефовите на прес канцелариите на грчките амбасади и туристички организации во странство. Грција, според него, имала конструктивен став по тоа прашање, и затоа го повикува раководството во Скопје да покаже поголема конструктивност.
XS
SM
MD
LG