Достапни линкови

Боливија ја призна Македонија под уставното име


Боливија синоќа стана 131 та држава која во билатералната комуникација со Македонија ќе го корсити уставното име. “Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, синоќа преку мисијата во Обединетите нации, доби писмо од својот боливиски колега Давид Чокехуанка во кое беше пренесена одлуката на Владата на Боливија, дека во иднина во билатералната комуникација ќе го користи уставното име на Република Македонија“, се вели во соопштението на МНР. Боливија беше прва држава од Јужна Америка која во 1994 година воспостави дипломатски односи со Македонија, но под привремената референца.
XS
SM
MD
LG