Достапни линкови

Превентивна евакуација на македонската амбасада во Лондон


Лондон

Персоналот во Македонската амбасада во Лондон синоќа се вратил во објектот од каде што претходно беше превентивно евакуиран, информира Министерството за надворешни работи. Полицијата попладнето наложила итна евакуација на луѓето кои работат или живеат во дел од строгиот центар на Лондон како претпазливост од можна експлозија, зашто бил забележан пожар во близина на една станица за гас. Покрај Амбасадата на Република Македонија, во тој дел од Лондон што полицијата го евакуираше од безбедносни причини, има повеќе административни згради во кои се сместени британски и меѓународни компании и неколку странски амбасади и дипломатски мисии.
XS
SM
MD
LG