Достапни линкови

Опасната пратка во Берлин била наменета за хрватскиот претседател


Тадиќ и Јосиповиќ

Тадиќ и Јосиповиќ

Писмо со заканувачка содржина, кое заедно со рачна бомба вчера стигнало во хрватската амбасада во Берлин му било упатено на претседателот Иво Јосиповиќ, најверојатно поради неговиот пријателски однос со српскиот претседател Борис Тадиќ, јавува Хина. Во тек е истрагата за можниот испраќач и за причините поради кои е доставена пратката. Хрватскиот претседател Јосиповиќ утре треба да отпатува во тридневна посета на Германија.
XS
SM
MD
LG