Достапни линкови

logo-print

Албанскиот парламент ги изгласа промените во владата


Албанскиот парламент синоќа ги потврди двете нови наименувања во владата, откако во минатата недела министерот за економија и вицепремиер Илир Мета поднесе оставка поради обвинувања за корупција. Парламентот, во кој мнозинството го има Демократската партија, за нов министер за економија го потврди Насип Начо, а шефот на дипломатијата Едмонд Хаџинасто ќе ја извршува и должноста заменик премиер. За тоа гласале 72-јца пратеници, додека 68-мината опозициски пратеници одбиле да гласаат по повеќечасовната жолчна дебата.
XS
SM
MD
LG