Достапни линкови

Поетска светлина во тмурни времиња


Љупчо Тодоровски Упа

Љупчо Тодоровски Упа

Парче душа е насловен проектот со кој актерот и продуцент Љупчо Тодоровски Упа, во изминативе шест месеци се обидува, да ја врати поезијата онаму каде што и припаѓа – меѓу публиката. Тој со своите говорења започна летоска во предворјето на црквата Свети Јован Богослов на Канео во Охрид, па продолжи во повеќе градови во земјата, за да од неодамна ги предизвика и скопјани кои секоја среда можат да го чујат во кафе-книжарницата Ли.


Со стихови од Нежност на Блаже Конески и со внимателно одбрани песни од Шопов, Јаневски, Андреевски, Поповски и други македонски поети, актерот Љупчо Тодоровски Упа се обидува да ја анимира публиката и наново да го сврти вниманието кон рецитирањето како подзаборавено сценско изразување. Неговиот проект Парче душа започна минатото лето во
Цел е да остваруваме соништа и да им остваруваме надеж на сите гледачи и слушатели.
предворјето на црквата Свети Јован Богослов на Канео во Охрид, потем продолжи во повеќе градови низ Македонија, а од неодамна заживеа во Скопје.

„Цел е да остваруваме соништа и да им остваруваме надеж на сите гледачи и слушатели.“

Тој вели дека најважно е што неговите перформанси наидуваат на убав прием и предизвикуваат силна возбуда кај гледачите.

„Она што е најбитно за мене е дека се зголемува бројот на луѓе кои сакаат убав збор и добра мисла.“

На забелешката дека времево во кое живееме и не погодува којзнае колку на еден ваков творечки чин, Тодоровски со објаснување:

„Уметноста и целта на уметноста е да пружи тронка светлина во еден тунел во којшто е претворен нашиот живот.“
Мојата цел е да издадам носач на звук со одредени поети кои мене ми значат нешто и коишто се нераскинлив дел од традицијата и битието на
овој народ.

Актерот дополнува дека не се занесува оти е прв и единствен кој се бави со рецитирање поезија, дека пред него тоа извонредно го правеле Цветанка Трпкова, Славко Нинов, Софија Гоговска Врчаковска и многу други глумци, но верува дека самиот е предвесник на една нова генерација на негови колеги кои допрва ќе се зафатат со овој вид комуникација со љубителите на убавиот збор. Од своја страна тој најавува дека неговата цел е и објавување на носач на звук со одбир на поезија од македонските автори од неколку генерации.

„Мојата цел е да издадам носач на звук со одредени поети кои мене ми значат нешто и коишто се нераскинлив дел од традицијата и битието на овој народ.“

Инаку, Љупчо Тодоровски Упа снимал со Манчевски и Ценевски, играл и во бројни филмови и телевизиски серии во земјата, регионов и во Европа, а работел и како продуцент и кастинг режисер.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG