Достапни линкови

Лужков аплицирал за дозвола за постојан престој во Латвија


Поранешниот градоначалник на Москва, Јури Лужков

Поранешниот градоначалник на Москва, Јури Лужков

Поранешниот градоначалник на Москва Јури Лужков аплицирал за дозвола за постојан престој во Латвија. Министерството за миграција на Латвија соопшти дека одлуката за барањето на Лужков ќе биде донесена најдоцна до април.
Лужков во септември беше отпуштен од рускиот претседател Димитри Медведев, поради неговиот недостиг на одговорност за време на пожарите околу главниот град на земјата.
Според законите на Латвија луѓето од земјите кои не се од ЕУ може да аплицираат за престој доколку поседуваат значајни недвижности или имаат бизнис инвестиции во земјата.
XS
SM
MD
LG