Достапни линкови

Анкета на ИРИ: ВМРО ДПМНЕ со највисок рејтинг


Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

ВМРО ДПМНЕ ќе победи доколку утре се одржат избори во земјата, според последната анкета на Меѓународниот републикански институт Ири. Околу 27 насто од испитанците се изјасниле за владејачката партија, при што таа би добила 55 до 59 пратенички места, а за СДСМ биле 16 насто со што би освоила 29 до 31 место во Парламентот.
Според анкетата најголем рејтинг има премиерот Никола Груевски со 17 насто од гласовите, зад него е Бранко Црвенковски со 9 и Али Ахмети и Мендух Тачи со осум, односно два насто. За евроатланска интеграција на Македонија се околу 90 насто од граѓаните.
XS
SM
MD
LG