Достапни линкови

Одложени преговорите за состав на новата влада на Либан


Разговорите меѓу политичките партии во Либан, за состав на нова влада, се одложени за една недела. Од канцеларијата на претседателот е соопштено дека најнапред треба да се искристализираат позициите на партиите. Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала вчера изјави дека нема да го подржат повторното наименување на Саад Харири за премиер. Саад Харири не го прифати барањето на Хезболах да ја прекине соработката со трибуналот на Обединетите Нации во врска со истрагата за атентатот врз неговиот татко Рафик Харири, што беше и причина за оставката на 11 министри од редовите на Хезболах и за пад на владата во Либан.
XS
SM
MD
LG