Достапни линкови

Може ли утрешната вонредна седница во Собранието да ги реши проблемите на тутунарите?

Дали вонредна седница на која ќе се расправа за состојбите на тутунарите, ќе ги реши нивните проблеми? Според Андреј Петров од Социјалдемократскиот сојуз, желба на опозицијата е да се изврши притисок врз власта да стави крај на проблемите на околу 100 000 засегнати луѓе.
Не очекуваме дека ќе се најде решение, очекуваме дискусија за проблемот и ние како опозоција сме должни да го правиме
притисокот.

„Собранието не може да бега од жешки теми како што е оваа тема и да биде само една машинерија на гласање на закони на власта. Не очекуваме дека ќе се најде решение, очекуваме дискусија за проблемот и ние како опозоција сме должни да го правиме притисокот.“

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова ќе биде уште еден изгубен ден, особено заради фактот што Собранието нема моќ нешто да промени.

„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ нема зошто да бега од вакви расправи затоа што смета дека аргументите се на наша страна. Во крајна линија ќе ги спротиставиме нашите ставови и аргументи, па граѓаните ќе може да видат кој е во право“, вели пратеникот Зоран Петрески од владејачката партија.

Според експертите, сосема оправдано е барањето за вонредна седница. Ова, вели професорот Јонус Абдулау од Штуловиот универзитет, ќе им понуди на граѓаните можност подетално да се запознаат со размислувањата на власта и опозицијата за одредени политики што во моментот се водат. Освен законодавен,
ВМРО-ДПМНЕ нема зошто да бега од вакви расправи затоа што смета дека аргументите се на наша страна. Во крајна линија ќе ги спротиставиме нашите ставови и аргументи, па граѓаните ќе може да видат кој е
во право.
собранието е и дебатен дом, подвлекува Абдулау.

„Оваа дебата што ќе се отвори во Собранието ќе покаже дали опозицијата е подготвена и дали може да понуди излезни решенија.“

Што може да променат ваквите дебати во собранието? Еве го размислувањето на професорот Абдулау:

„Тие ќе сменат многу во поглед на тоа дека пратениците не се вечни и дека треба да бараат излезни решенија.“

Според опозицијата, состојбата на тутунарите е алармантна и неприфатлив е начинот на кој власта се однесува кон овие луѓе. За СДСМ е недозволиво да ги гледаме сликите на кои овие луѓе скоро цел месец маршираат низ улиците ширум земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG