Достапни линкови

Во Грција судски процес против анархистичка група


Во Атина денеска почнува судски процес против 13 осомничени членови на радикалната анархистичка група „Заговор на јадрата на огнот,, која ја презеде одговорноста за пакет бомбите, испратени во почетокот на ноември до странски амбасади во Атина, како и до некои европски лидери. Обвинетите, на возраст меѓу 19 и 30 години, од кои шестмина се наоѓаат во притвор, ќе одговараат за членување во терористичка организација. Тие ризикуваат да добијат казни затвор од 10 до 25 години. Двајца од нив го признаа своето членство во групата.
XS
SM
MD
LG