Достапни линкови

Диктаторот Дувалје се врати на Хаити


Поранешниот диктатор на Хаити Жан Клод Дувалје ненадејно се врати од егзил во земјата. Тој изјави дека се вратил дома за да помогне во обновата на Хаити кој во минатата година беше погоден од катaстрофален земјотрес. Дувалје беше принуден да се повлече од власта во 1986 година по тамошното народно востание и по притисок на Соединетите Држави. Тој и неговите приврзаници беа обвинети за корупција, политичка репресија и кршење на човековите права.
XS
SM
MD
LG