Достапни линкови

Груевски оптимист за домашната економија во 2011


Никола Груевски

Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави дека една од најголемите штети од светската криза за Македонија е тоа што бил запрен подемот на економијата, како што беше во 2007 и 2008 година. Според Груевски кризата го погодила реалниот сектор и странските инвестиции, но добро било што не се зголемила невработеноста. Во оваа година како што изјави Груевски во интервјуто за МИА очекува повисок раст на економијата од околу 3,5 насто. Добар знак за него е што каматите почнале позначително да опаѓаат и има најава и за повторно намалување.
Груевски најави инвестиции во патната инфраструктура, односно градба и реконструкција на локални и регионални патишта, како и набавка на апарати и опрема за здравството и рекострукција на болниците и клиниките.
XS
SM
MD
LG