Достапни линкови

Нереди во затвор во Тунис


Најмалку 42 лица загинале во престрелка и во пожар во затвор во градот Монастир во Тунис, соопштуваат новинските агенции. Според очевидците пожарот започнал поради тоа што затворениците ги запалиле нивните душеци, при што огнот брзо се проширил низ објектот. Полициските стражари за време на инцидентот застрелале некои од затворениците кои сакале да побегнат.
XS
SM
MD
LG