Достапни линкови

Рикер - спорот за името може да се реши во секое време


Амбасадорот на САД Филип Рикер

Амбасадорот на САД Филип Рикер

Верувам дека прашањето за името може да биде решено во секое време, но тоа бара напори од лидерите на Грција и на Македонија. Тоа е нивна одговорност, изјави синоќа американскиот амбасадор Филип Рикер кој присуствуваше на традиционалниот прием за дипломатскиот кор организиран од претседателот Ѓорге Иванов.
Рикер изрази задоволство од најавената средба на медијаторот Метју Нимиц со претставниците на двете земји и го повтори ставот на САД дека се подготвени да помогнат.
Оваа година е важна за Македонија имајќи ги предвид одбележувањето на 20 годишнината од независноста и 10 годишнината од Охридски рамковен договор. Покрај овие два важни јубилеја, ќе се одржи и пописот во април, кој е многу важен за да се разбере динамиката на вашето општество и затоа сметам дека ова е критична година за Македонија, вели Рикер. Во однос на неговата нова функција - заменик на помошникот на државниот секретар Фил Гордон за Балканот во Стејт Департментот, Рикер рече дека се надева оти ќе има можност да ја посетува Македонија, како и другите земји од Балканот.
XS
SM
MD
LG