Достапни линкови

Претседателот Бен Али од Тунис пребега во Саудиска Арабија


Војската на Тунис на главната улица во градот

Војската на Тунис на главната улица во градот

Саудиска Арабија соопшти дека избеганиот Претседател на Тунис Зине ел Абидине Бен Али и неговото семејство пристигнале во ова кралство. Според саудиската агенција СПА, Бен Али пристигнал изутрината во Саудиска Арабија по големите насилни протести во Тунис поради невработеноста и корупцијата. Бен Али беше на власт 23 години.
Во меѓувреме Премиерот на Тунис Мухамед Гануши соопшти дека ја превзема власта како привремен претседател,
Премиерот вети дека ќе го почитува Уставот ја повика армијата да ги врати редот и мирот во Тунис
Претходно, туниските медиуми јавија дека претседателот Бен Али ја распуштил владата и прогласил вонредна состојба. Во демонстрации во Тунис имаше и судири меѓу демонстрантите и полицијата, а во нередите загинале над 70 лица.
XS
SM
MD
LG