Достапни линкови

logo-print

Кина мора да ги почитува човековите права, изјави Клинтон


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска побара од Кина да ги ослободи дисидентите, вклучувајки го и добитникот на нобеловата награда за мир Лиу Ксиаобо, оценувајки дека прашањето со човековите права покажува оти Кина сеуште не ги исполнува своите ветувања. Во говорот во Вашингтон пред посетата на кинескиот претседател Ху Џинтао на Соединетите Држави во наредната недела, Клинтон додаде дека Кина мора и да ги оконча дискриминаторските комерцијални политики кои се на штета на американските компании. Американскиот претседател Барак Обама, на 19-ти јануари во Вашингтон ќе разговара со кинескиот лидер Ху Џинтао.
XS
SM
MD
LG