Достапни линкови

Прогласена вонредна состојба во Тунис


Тунис

Тунис

Претседателот на Тунис, Бен Али, поради масовните протести во земјата, прогласил вонредна состојба, ја распуштил владата и ќе закаже предвремени избори во рок од 6 месеци, јавија државните медиуми. Воведен е и полициски час и забрана за собирање. До ваквата одлука доаѓа откако и денеска илјадници луѓе протестираа во Тунис, барајки оставка од претседателот Бен Али, кој е на таа функција 23 години. Полицијата со солзавец ги растеруваше демонстрантите, а се слушале и истрели. Стотици туристи го напуштија Тунис, поради страхувањета од ескалација на нередите. Некои земји веќе издадоа предупредувања до нивните граѓани да не патуваат во Тунис. Според групи за човекови права, во демонстрациите во Тунис биле убиени 70-тина луѓе, вклучувајки и 12 во текот на изминатата ноќ во главниот град.
XS
SM
MD
LG