Достапни линкови

Во Тунис марш за оставка на претседателот


Тунис

Тунис

Илјадници луѓе маршираат во Тунис и покрај ветувањето на претседателот Бен Али за извесни отстапки со цел да ги запре насилните протести што траат веќе еден месец. Тие бараат од претседателот да си поднесе оставка. Бен Али владее во Тунис веќе 23 години и вети дека ќе ја напушти функцијата кога ќе му истече мандатот во 2014 година. Во телевизиското обраќање тој изјави дека и наредил на полицијата да не стрела врз демонстрантите и оти ќе спровел мерки за намалување на цените на основните производи. Во досегашните протести загинале шеесетина луѓе.
XS
SM
MD
LG