Достапни линкови

logo-print

Има ли фајде од лидерските средби?


Според експертите, тешко е да се оцени ефектот од лидерските средби затоа што се тајни. Тие повикуваат на јакнење на институциите со дислоцирање на дијалогот во нив.

Многу тешко е јавноста да оценува ефекти од лидерски средби бидејќи се тајни. Еспертите велат дека имаат голема резерва кон таквиот вид одлучувања, а немаат ништо против нив ако се претекст на вистинските расправи. Ова се главно оценките во пресрет на најновата лидерската средба, која е свикана како продолжение на редовните консултации на шефот на државата со најрелевантните политички субјекти.

Професор Гордана Силјановска од Правниот факултет во Скопје вели дека во основа не е против нив, ако на лидерските средби се постигнува консензус за клучни прашање, но ако се институција која треба да ги субституира институциите односно Владата и Собранието, таа има резерви кон овој механизам.

„Може да е ефектот добар доколку ние не слушаме потоа во институциите негирање на постигнатиот консензус или дека воопшто консензус не бил постигнат. Тогаш тие лидерски средби се обични места за разговори, да не речам за кавга. Но, повторно сакам да потенцирам дека далеку од очите на јавноста не може да има демократски ефект.“
Ако сакаме да ги јакнеме институциите во Македонија, а во секој извештај на ЕК се укажува на слабиот капацитет на нашите институции треба процесот на одлучување да го лоцираме
во нив.

Лидерското одлучување само по себе стана инситутуција и тоа значи елитистичка демокртаија или ограничување на процесот на одлучување, вели Силјановска. Од овие причини таа се залага за дислоцирање на процесот во вистинските инсититции.

„Ако сакаме да ги јакнеме институциите во Македонија, а во секој извештај на ЕК се укажува на слабиот капацитет на нашите институции треба процесот на одлучување да го лоцираме во нив.“

Лидерска средба на 11 декември 2009

Политичкиот анлитичар Мерсал Биљали оценува дека лидрските средби повеќе се за внтрешна употреба:

„Нема ефикасен дијалог. Тоа се покажа како импровизација и во минатото, од сите средби нема произлезено ништо конструктивно.“

На лидерската средба, како што информира кабинетот на Иванов, ќе се дискутира за одбележувањето на двата важни јубилеја годинава - 20 години од назависноста и 10 години од Рамковниот договор, за интеграцијата во НАТО и ЕУ, за обврските и прашањата произлезени од последниот изевштај на ЕК и за претстојниот попис што ќе се одржи во април годинава.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG