Достапни линкови

Лустрацијата – политичка манипулација?


Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски се брани пред Комисијата за лустрација дека не соработувал со тајните служби

Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски се брани пред Комисијата за лустрација дека не соработувал со тајните служби

Ден пред да биде поднесен шестмесечниот извештај на Комисијата за лустрација до парламентот, претседателот Томе Аџиев е задоволен сработеното.

Вели дека до Комисијата редовно се доставуваат документи од различни страни, а членовите на комисијата ја испитувале нивната веродостојност.
Не не интересира нас партиите што прават, ние си работиме континуирано, еден куп предмети имаме сработено.

„Не не интересира нас партиите што прават, ние си работиме континуирано, еден куп предмети имаме сработено.“

На прашањето дали лустрацијата се сведе само на случајот Трендафил Ивановски за кој комисијата утврди дека бил кодош, Аџиев вели:


„Трендафил Ивановски побара неговиот случај да биде во јавноста, има такво право и затоа беше експониран во јавноста. Ние се друго работиме во постапка според законот, ние не можеме да ги даваме извештаите во јавноста, ги даваме каде што треба во парламентот.“

Во меѓувреме комисијата ги отфрли досиејата Ибар, Мама и Вујко како неверодостојни. Истите се однесуваа на високи функционери на Демократската унија за интеграција. И Албанскиот сојуз излезе со обвинувања дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил поранешен соработник на тајните служби, но досега документите што ги поседуваат, а за кои тврдеа дека се оригинали не ги доставиле до комисијата.
Тоа им одговара на самите носители на политичките процеси. Веројатно во нивните редови има такви луѓе и тие за да го омаловажат тотално тој процес и даваат ваква димензија на лустрацијата.

Експертите велат дека овој процес во земјава е сведен на политичка манипулација и партиски препукувања, што не оди во прилог на демократијата. Професорот Рухи Бакиу вели дека на лустрацијата не смее да и се дава политичка димензија, туку таа треба да се спроведува во рамките на правната регулатива.

„Тоа им одговара на самите носители на политичките процеси. Веројатно во нивните редови има такви луѓе и тие за да го омаловажат тотално тој процес и даваат ваква димензија на лустрацијата.“

Упатените повторуваат дека комисијата е единствениот орган кој е надлежен за верификација на документите и утврдување дали некој бил кодош. За лустрираните, следуваат правни и политички последици. Ако на пример, се докаже дека некој пратеник порано бил соработник на тајните служби, според законот, функцијата народен пратеник, автоматски му престанува. Инаку засега, поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски е единствениот функционер за кого комисијата потврди дека бил соработник на тајната полиција.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG