Достапни линкови

Бен Али нема повторно да се кандидира за претседател на Тунис


Протести против сиромаштијата во Тунис

Протести против сиромаштијата во Тунис

Претседателот на Тунис Зин Ел Абидин Бен Али изјави дека нема да се кандидира за нов мандат на изборите во 2014, откако се интензивираа големите протести во земјата.

Во телевизиското обраќање до нацијата, Бен Али, кој е на власт во земјата од 1987 година, рече дека наредил полицијата да не пука во демонстрантите и вети намалување на цените на шеќерот, млекото и лебот. Тој и се обрати на нацијата откако медиумите објавија дека полицијата пукала во демонстрантите при што најмалку еден човек е убиен.

Според меѓународните организации за човекови права во немирите во Тунис загинале околу 60 луѓе. До немирите дојде по протестите против невработеноста во земјата.
XS
SM
MD
LG