Достапни линкови

Гејтс - Џинтао целосно ја контролира кинеската армија


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека САД немаат сомнеж дека кинескиот претседател Ху Џинтао ја контролира кинеската армија, откако се појавија индикации за проблеми во комуникацијата меѓу кинеската армија и цивилната власт. Зборувајќи во главниот град на Јапонија Токио, Гејтс рече дека кинеската армија можеби некогаш презема чекори без однапред да ја информира цивилната власт, но не се сомнева дека армијата е под целосна команда на Џинтао.
XS
SM
MD
LG