Достапни линкови

Руски сајт под истрага за видео-игра


Руските обвинители соопштија дека побарале истрага за една интернет страна за телекомуникации зашто на посетителите им овозможува игра во која тие пукаат во цртан лик што личи на претседателот Дмитриј Медведев. На сајтот на провајдерот АлијансТелеком од рускиот далечен исток има банер што рекламира промотивен пакет наречен „Москва“ на кој, цртано човече со ликот на Медведев скока од зад црвените ѕидови на Кремљ. Со клик на банерот, се отвора игра во која посетителите може да пукаат во човечето.
XS
SM
MD
LG