Достапни линкови

Црквите поделени и за календарот


Митрополитот Петар

Митрополитот Петар

Иако повеќе цркви го применуваат грегоријанскиот календар, Македонската православна црква цврсто останува да се држи до јулијанскиот.

Одбележувањето на верските празници кај црквите кои се раководат по новиот календар е во просек две недели порано, за разлика од оние кои го следат стариот календар, како кај нас. Така Божиќ го слават на 25 декември, а ние на 7 јануари. Преспанско-пелагонискиот владика Петар е против прифајќањето на грегоријанскиот календар зашто смета дека тоа може да предизвика нови поделби во црквата слични како оние во Грција.
Ако тоа било исправно немаше со преминувањето Ерусалимската православна црква која го прими грегоријанскиот календар 1926 година и веднаш по тоа згасна светиот оган на христовиот гроб, за веднаш следната година да се вратат на стриот календар и да се врати светиот оган во Ерусалим.


„Во Грција можеби има 35 до 40 епископи кои се водат по стариот календар, наспроти мнозинството кои го прифатиле новиот календар. Црквата во Грција е поделена, можеби една третина се старокалендарците, а другите новокалендарците. И кај нив има такво нетрпение што воопшто не се признаваат ни крштевки, ни венчавки, погреби и никакви свети тајни од едната и од другата страна. Ако такви поделби има и во другите помесни православни цркви тогаш ние зошто тоа да го направиме. Малку ни се нашите поделби зарем уште тоа ни треба“, вели владиката.

Освен ова, кога МПЦ би го напуштила јулијанскиот календар тогаш другите празници би се поместиле 14 дена понапред. Така на пример, Петровден не би бил на 12-ти јули туку на 28-ми јуни. Потоа, Илинден наместо на 2-ри август би се преместил на 19 јули, а Василица од 14 јануари на Нова година. Митрополитот Петар дава и некои црковни верувања зошто треба верниците да се држат до јулијанскиот календар.

„Ако тоа било исправно немаше со преминувањето Ерусалимската православна црква која го прими грегоријанскиот календар 1926 година и веднаш потоа згасна светиот оган на христовиот гроб, за веднаш следната година да се вратат на стриот календар и да се врати светиот оган во Ерусалим“, додава г. Петар.

Инаку јулијанскиот календар е составен 46 години пред нашата ера. Сепак, денес најголемиот број народи го користат грегоријанскиот, а во држави како Полска и Албанија и двата, по желба на верниците.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG