Достапни линкови

Милошоски-реформите се мерило за подготвеност за влез во ЕУ


Антонио Милошоски

Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој присуствува на неформалниот министерски состанок на земјите членки на ЕУ во Будимпешта изјави дека целта на македонската влада е да ја увери унијата дека реформите на една земја кандидат треба да се оделат од политичкиот контекст на билатералните спорови за доброто на процесот на проширување.
Според Милошоски реформите се мерило за подготвеноста на една земја за влез во ЕУ, кои Македонија и натаму ќе ги спроведува, а ќе го продолжи и дијалогот со Грција за спорот со името.
Милошоски ќе има средба со унгарскиот министер за надворешни работи Јанош Мартоњи и турскиот министер за евроинтеграции Егмен Багиш.
XS
SM
MD
LG