Достапни линкови

Нови жртви на немирите во Тунис


Судири на демонстрантите и полицијата во Тунис

Судири на демонстрантите и полицијата во Тунис

Најмалку едно лице загинало вчера, според очевидците на немирите, кога владата на Тунис воведе полициски час во главниот град, а има извештаи за жртви и во Бизерте. Официјалните лица соопштија дека досега загинале 23 лица, но сведоците и активистите за човекови права велат дека бројката е поголема.
Комесарот на ОН за човекови права Нејви Пилај денеска ги обвини властите на африканската држава дека употребиле прекумерна сила на немирите. Граѓаните на Тунис неколку денови протестираат поради големата невработеност и корупцијата во земјата.
XS
SM
MD
LG