Достапни линкови

Ердоган-владата на Нетанјаху најлоша во историјата на Израел


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја оцени владата на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху како можеби најлоша во историјата на земјата. Тој во интервју за телевизијата Ал Џезеира изјави дека турската влада нема да ја промени политиката кон Израел и дека ќе ги подобри односите кога Нетанјаху ќе ги исполни нивните барања.
Ердоган му порача и на израелскиот народ да побара оставка од министерот за надворешни работи Авидгор Либерман.
Односите меѓу двете земји беа нарушени кога израелските командоси убија девет турски активисти на брод кој носеше хуманитарна помош за појасот Газа.
XS
SM
MD
LG