Достапни линкови

И лебот станува луксуз


Покачувањето на лебот, само почеток

Покачувањето на лебот, само почеток

Поскапувањето на лебот за три денари, според експертите е само почеток на бранот поскапувања што следи.

По низата поскапувања на шеќерот, зејтинот, водата, нафтените деривати на ред дојде и лебот, поскапе за три денари. Експертите велат дека тоа е само почетокот, наскоро може да не очекуваат нов поголем бран поскапувања. Граѓаните се жалат дека цените на производите одат нагоре, но платите остануваат на исто ниво, па велат тоа ке се одрази најмногу на домашната трпеза.
Сега еден работник зема по 6-7 илјади денари. како ќе преживее ? Треба сметките да ги плати, а плус и за леб
да остане.

„Помалку јадење леб.“

„Сега еден работник зема по 6-7 илјади денари. како ќе преживее ? Треба сметките да ги плати, а плус и за леб да остане. Не е возможно.“

Професор Христо Карталов вели дека проблемот е во тоа што стандардот стагнира, платите на вработените остануваат исти а цените се зголемуваат па со тоа се намалува финансиската моќ на граѓаните.


„Тоа ќе го почувствуваат не само пензионерите, оние што имаат фиксни приходи, оние кои што имаат нередовни приходи итн, а тоа е повеќе од две третини од нашата популација.“

Тој додава дека поскапувањето на лебот е еден од индикаторите кој покажува дека не очекува ново поскапување на прехрамбените производи.

„Појава како инфлаторен удар, засега е спорадична, но кога ќе дојдат новите производи од производствениот циклус со платени повисоки цени за енергенсите, на средатвата за заштита итн, тогаш веќе ќе имаме една друга состојва, многу повисоки цени од сегашните два-три денари.“
Појава како инфлаторен удар, засега е спорадична, но кога ќе дојдат новите производи од производствениот циклус со платени повисоки цени за енергенсите, на средатвата за заштита итн, тогаш веќе ќе имаме една друга состојва, многу повисоки цени од сегашните два-три денари.


Државниот советник во Министерството за труд и социјална политика Душко Миновски вели дека годинава постои можност назагрозените социјалните корисници да добијат еднократна помош. Тој додаде дека за наредната година доколку се остварат очекувањата за поголеми поскапувања може да се размислува за зголемување на социјалната помош. Министерството, мината година, имаше пилот-проект за социјални маркети, но Миносвки вели дека се покажале одредени недостатоци на кои треба да се доработи за да се продолжи со проектот.

„Оние граѓани што се корисници на социјална парична помош требаше да доаѓаат од Чифлик, Батинци, Студеничани итн, и едноставно само превозот им беше проблем за да дојдат во маркет во градот за да подигнат роба која е нели со намалени цени. Добро е но треба допрва да се доосмисли овој проект, бара дополнителни средства и со оглед на сегашната ситуација ставен е во процес на мирување.“

Според последните статистички податоци во декември се зголемимиле животните трошоци за 3 проценти во однос на декември 2009-та година.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG