Достапни линкови

Еден загинат, пет ранети во радовишки Бучим


Во оружен инцидент изутрината во радовишкото село Бучим, едно лице е убиено, а пет се повредени.
Во инцидентот што бил пријавен околу 7.40 часот, како што информираат од СВР Струмица, е убиен У.Сулејманов (45). Двајца од повредените се пренесени во медицинскиот центар во Штип, а тројца се наоѓаат во медицинскиот центар во Радовиш.
Во моментот се врши увид на местото на настанот.
XS
SM
MD
LG