Достапни линкови

Скок на цената на индустриските производи во Македонија


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2010 се повисоки за девет проценти во однос на истиот период 2009, објави Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи пред се на зголемените цени во групата Енергија за 15,5 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9 проценти, Капитални производи за 3,2 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 проценти.
XS
SM
MD
LG