Достапни линкови

Позитивни сигнали за спорот со името


Даниел Сервер

Даниел Сервер

Западниот Балкан минатата година забележа извесен степен на постојан развој. Ова за Радио Слободна Европа го оценува Даниел Сервер од Центарот за трансатлантски односи на Џонс Хопкинс Универзитетот во Вашингтон. Во врска со Македонија, тој вели дека има извесни сигнали во спорот со Грција околу името.

Практично комплетираниот процес на пристапните преговори на Хрватска за членство во Европската унија, како и одлуката на Меѓународниот суд на правдата за косовската независност, се дел од позитивните настани за Западен Балкан минатата година, вели Даниел Сервер во разговор со новинарката на Радио Слободна Европа Бранка Тривиќ. Во добрите знаци, според него, се и зацврстувањето на неетнички дефинираните политички сили во Босна и Херцеговина како и сигналите во спорот меѓу Македонија и Грција

„Има некои добри вибрации во поглед на решавањето на проблемот со името на Македонија.“

Има некои добри вибрации во поглед на решавањето на спорот со името на
Македонија.
Во врска со ситуацијата на Косово по објавувањето на извештајот на Дик Марти од Советот на Европа за вмешаноста на Хашим Тачи во трговија со човечки органи, Сервер вели:

„Секако тоа му нанесе штета на Косово, како и на Тачи. Меѓутоа сметам дека изборниот процес е многу важен и граѓаните на Косово треба да решат дали Тачи или некој друг ќе го претставува Косово. Сепак морам да кажам дека многу сум разочаран од квалитетот на изборниот процес кој има многу неправилности“.

Даниел Сервер додава дека било добро тоа што на изборите учествуваше и движењето Самоопределување и што ќе има претставници во парламентот каде што ќе може отворено да ги искажува своите ставови за паналбанско обединување на Балканот.


„Мислам дека на никој не му е од помош да крие дека постојат и такви идеи, затоа што нив ги има во дел од албанската заедница. Тие ставови не се мнозински, но сепак се присутни. Но ставот за сеалбанско обединување е ужасна идеја и таа е погубна за регионот, и за граѓаните на Косово, и за граѓаните на Србија и Албанија и за другите соседи.“

Во врска со шансите на Србија до крајот на годинава да добие статус на Кандидат за Европската унија Даниел Сервер смета дека дека Белград треба да исполни технички и политички услови. Едно од нив е и предвањето на поранешниот командант на силите на босанските Срби Ратко Младиќ на Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG