Достапни линкови

logo-print

Гифордс ги отвори очите


„Само што заминавме и ја напуштивме собата, некои колеги од Конгресот ми рекоа дека ги отворила очите. Габи ги отвори очите за прв пат“, изјави Обама.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека конгресменката Габриел Гифордс за прв пат ги отворила очите по саботниот напад во Тусон кога беше ранета.

„Само што заминавме и ја напуштивме собата, некои колеги од Конгресот ми рекоа дека го отворила очите. Габи ги отвори очите за прв пат.“

Обама ова го изјави на комеморацијата за жртвите од нападот во кој загинаа шест лица во Аризона. Тој и неговата сопруга претходно ја посетија конгресменката Габриел Гифордс во болница. Лекарите на Гифордс се оптимисти дека таа ќе преживее, но не се сигурни во нејзиното целосно опоравување. Обама на комеморацијата во Аризона порача:
Можеби не сме способни целосно да го запреме злото, но нашето однесување зависи
од нас.

„Можеби не сме способни да го запреме целосно злото во светот, но знам дека начинот на кој се однесуваме зависи само од нас. И јас верувам дека и покрај нашите мани, ние сме исполнети со добрина, а силите кои сакаат да не разделат не се посилни од силите кои не обединуваат.“

Брачнииот пар Обама на комеморацијата на жртвите во Аризона

Гифордс, во саботата беше пред супермаркет во градот Тусон, во југозападната американска држава Аризона каде што беше застрелана од вооружен напаѓач кој притоа уби шест лица, а рани неколкумина други.
Обидот да се убие американската конгресменка Габриел Гифордс на собирот „Конгресот во вашиот град“ ги шокира Aмериканците.

Минаа повеќе од три децении од последниот атентат врз некој член на Конгресот.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG