Достапни линкови

logo-print

Гејтс - Јужна Кореја има право да се брани ако е нападната


Гејтс при вчерашната посета на Кина

Гејтс при вчерашната посета на Кина

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска изјави дека Јужна Кореја има право да возврати ако биде нападната од Северна Кореја. Гејтс, сепак, ја повика Јужна Кореја и нејзините соседи да ги зголемат дипломатски напори за да се спречат провокациите од Северна Кореја и да се избегне војна.
Гејтс ова го изјави во Јапонија каде е во рамките на својата регионална турнеја која ги вклучи и Кина и Јужна Кореја. Тензии меѓу Северна и Јужна Кореја се зголемија откако во ноември 2010 Северна Кореја гранатирааше остров на Јужна Кореја, при што загинаа четири лица.
Претходно, Гејтс изјави дека Северна Кореја има постигнато напредок во развојот на интерконтинентални балистички проектили, со што станува директна закана за САД.
XS
SM
MD
LG