Достапни линкови

Истрага за новиот корупциски скандал во Албанија


Илир Мета

Илир Мета

Државниот обвинител во Албанија покрена истрага против вицепремиерот Илир Мета за корупција и злоупотреба на власт, јавува новинските агенции. Претходно телевијата Топ Чанел објави видеоматеријал снимен во март 2010, во кој се гледа како Мета, тогашен вицепремиер и шеф на дипломатијата, разговара со поранешниот министер за енергетика Дритан Прифти, од кого бара на конкретна фирма да и биде дадена без тендер дозвола за концесија на хидроцентрали. На видео материјалот се слуша Илир Мета како вели дека сопственикот на компанијата дава седум проценти провизија, која се проценува на 700.000.Мета ги отфрли обвиненијата и изјави дека се откажува од пратеничкиот имунитет за да може да се спроведе истрага во врска со овие тврдења. Европската унија побара од властите да ги истражат обвинувањата против Мета.
XS
SM
MD
LG