Достапни линкови

Либанскиот премиер ја прекина посетата на САД


Средбата на Рафик Харири и Барак Обама

Либанскиот премиер Саад Харири денеска ја прекина посетата на САД, по оставката на припадниците на Хизбалах од неговата влада. Единаесет министри од религиозното движење и нивните политички сојузници ја напуштија функцијата.
Членовите на движењето претходно се заканија дека ќе ја саботираат владата, поради истрагата за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири подржана од ОН во која според извештаите се потенцира дека Хизбалах е виновен.
Харири имаше средба со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, кога ги слушна вестите за падот на неговата влада.
XS
SM
MD
LG